Хоакин Феникс спасува мајка крава и теле од кланица по веганскиот плач на оскаровската вечер

Хоакин Феникс помогна да се спаси мајка крава и нејзиното теле од кланица еден ден откако ги критикуваше практиките на млечната индустрија во текот на говорот на „Оскарите“, откако освои награди за најдобар актер за Џокер.

Феникс, кој цел живот е веган, ги критикуваше месната и млечната индустрија во својот говор на оскаровска вечер.

Во клипот објавен во средата од страна на Farm Sanctuary, познатиот актер и вегански заговорник заедно со претставници на група за спас на животните во Лос анџелес (Los Angeles Animal Save) ја посетија кланицата „Пико Ривера“ во Калифорнија каде што разговараа со нејзиниот оснивач и извршен директор, Ентони Ди Марија.

45-годишниот оскаровец имал срдечна дискусија со Ди Марија за индустриските практики, иако двајцата не се согласувале околу тоа дали зборот за судбината на животните треба да биде „собран“ или „убиен“.

Тој подоцна беше виден како носи бебе теле во транспортна приколка кон еден животински резерват управуван од страна на непрофитната организација Farm Sanctuary.

Актерот мајката ја крсти Либерти а нејзиното теле Индиго.

„Моја надеж е, додека гледаме како бебето Индиго расте со неговата мајка Либерти во резерватот, секогаш да се сеќаваме дека пријателствата можат да се појават на најнеочекуваните места. И, без оглед на нашите разлики, љубезност и сочувство треба да владеат секаде околу нас,“ кажа Феникс.

 

Треба да знаете
Последни објави