Фудбалскиот репрезентативец на Велс, искусниот 30-годишен Герет Бејл не добива голема минутажа сезонава во дресот на шпанскиот гигант Реал Мадрид. Шпанските медиуми подолго период најавуваат дека „кралевите“ ќе го продадат фудбалерот за кој во 2013 година на Тотенхем му платија рекордни 100 милиони евра. Ваквиот расплет беше демантиран од фудбалер и тренерот Зинедин Зидан.
Но откако Реал Мадрид почна да игра добро без Бејл во составот и е лидер во шпанската Примера, „кралевите“ ја менуваат одлуката и ќе му дозволат на велшкиот интеранционалец да си побара нова средина пред да му заврши договорот. Бејл кој има 15 милиони евра годишна плата и договор до 2022 година, ќе може во летниот предоен рок да си побара нова средина.
„Кралскиот клуб“ одреди цената од 55 милиони фунти за да се раздели со Бејл. За повеќето премиерлигашки клубови оваа цена е превисока па неизвесно колку екипи ќе се впуштат во трката за да го доведат Бејл во своите редови. Манчестер јунајтед и Тотенхем покажаа интерес за услугите на искусниот фудбалер, па можно е во летниот преоден рок овие дава тима да ја водат битката за неговиот потпис.