Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 се осврна на презентацијата на снимките во случајот „Рекет“ на судењето од страна на обвинителката Вилма Русковска.
-Обвинителката вели Јанева се упатила во правец кон резиденцијата на претседателот. Тоа е средината на август, јас тогаш таму не сум ни живеел. Тоа не е коректно. Тоа се сензивитни информации и не можете така непрецизно да шпекулирате, да велите се движи во правец таму и таму. Може да се движи и кон крстот на Водно, вели Пендаровски.