Грчките власти покренаа истрага против 6 полицајци и 27 други лица под сомнение за вмешаност во голема измама со лажни пасоши и лични карти, наменети за странски криминалци кои бегаат од законот.
Полициската служба за внатрешна контрола соопшти дека документите се огласени за неважечки – вкупно 31 пасош и 38 лични карти, издадени во периодот помеѓу 2016 и 2018 година.
Овие документи беа продавани на црниот пазар по индивидуални цени од 5.000 до 40.000 илјади евра.
Незаконски биле користени идентитети на Грци кои живеат во странство, а не го продолжиле важењето на личните документи во пропишаниот период.
Контролите на валидноста на пасошите се интензивираат во Грција во последните години, како резултат на зголемениот прилив на бегалци на кои не им е дозволено да одат во други земји на ЕУ, во согласност со ограничувањата што ги наметна Унијата во 2016 година.
Грција е сè уште најпопуларната дестинација за нелегален влез на бегалци кои се обидуваат да стигнат до ЕУ.
Во соопштението на полицијата не е наведено дали некој од 33-те осомничени лица е задржан во притвор.