Психички пореметен скопјанец со нож ја бодел мајка си, па ја запалил, вчера во скопската населба Кисела Вода, информираше МВР:
-На 21.02.2020 во 16,23 часот на улица Сава Ковачевиќ полициски службеници од Полициска станица Кисела Вода го лишиле од слобода В.С.(47) од Скопје, инаку лице со психички здравствени проблеми. Тој бил приведен бидејќи било пријавено дека околу 15,40 часот со нож физички ја нападнал неговата мајка А.С.(88) од Скопје нанесувајќи и повреди, а потоа ја запалил, но пожарот бил изгаснат од соседите, велат од МВР.
Со возило на итна медицинска помош А.С. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди.
Од местото на настанот е подигнат ножот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.