Кокаинот запленет во Крушопек бил дел од пратката 1,2 тони од дрогата запленета во Италија, пишува босанскиот весник „Независне новине“. Според весникот, кокаинот е во вредност од околу 50 милиони евра, а требало да завршни во Северна Македонија, но најголемиот во БиХ.
Во меѓународната акција македонската и босанската полиција биле вклучени и истражните органи на Италија и Црна Гора.
Според „Независне“, дрогата спакувана во неколку контејнери била запленета на едно од пристаништата во Италија. Италијанската полиција од контејнерите извадила 970 пакети кокаин кои заедно тежеле 1,2 тони, а потоа испратиле лажна пратка во која оставиле само килограм дрога запакувана со систем за следење.
Како што пишува „Независне новине“, пратката понатаму продолжила по планираната рута, стигнала во Бар, Црна Гора, каде за да ги подигнат пакетите пристигнале вкупно шест камиони, четири од Северна Македонија, два од БиХ. Камионите ги земале контејнерите и тргнале назад не знаејќи дека всушност превезуваат само еден килограм кокаин кој го следат.
Државната агенција за истраги и заштита во БиХ, потврдила дека учествувала во меѓународната акција и дека уапсила вкупно две лица.
Сепак, од италиј нема службена потврда за заплената на кокаинот. Последна поголема пратка од оваа дрога била запленета во ноември лани, кога полицијата во пратки од банани открила 1,17 тони кокаин вреден 250 милиони евра.