Државната изборна комисија нема да дозволи валкана изборната кампањана. Претствниците на ДИК рекоа дека партиите кои нема да се однесуваат одговорно ќе бидат казнети согласно одредбите од Изборниот Законик и дополнија дека ќе се мониторираат сите собири и јавни настапи.
” Граѓаните ќе ја донесат одлуката но битно е тоа да да биде во слободна атмосфера без влијанија и притисоци”, изјави Борис Кондарко член на ДИК.
Деновиве техничкиот министер Оливер Спасовски за медиумите изјави дека очекува ова да биде една од најцрните капањи во историјата на Македонија.