Неколку илјади граѓани протестираа против расизмот и омразата кон странците во германскиот град Ханау каде во средата 43-годишен Германец со кненофобични и расистички ставови уби девет луѓе, и на крајот сопствената мајка и себеси.
Демонстрантите кои според полицијата биле околу 3.000 носеа транспаренти „Мора ли некој прво да биде убиен за да се преземе нешто”. Демонстрантите минаа низ целиот град при што се задржаа пред двете кафеани во кои беа убиени деветте лица со странско потекло.
Според досегашните полициски анализи, извршителот бил психички болен и имал расистички погледи. Во меѓувреме, се зголемува притисокот врз конзервативно-популистичката Алтернатива за Германија (АфД), што многумина ја обвинуваат за ширење на атмосферата што овозможува таков вид расистички злосторства.