Дали конечно ќе добиеме борба за обединување на најпочитуваните титули во тешка категорија? Ако го прашате Еди Херн, промотерот на Ентони Џошуа и еден од најмоќните луѓе во светот на боксот, тоа би можело да се случи годинава!
По синоќешната победа над Дионтеј Вајлдер, Тајсон Фјури му припадна појасот на ВБЦ, но и познатата „Ринг“ титула. Од друга страна, Џошуа во декември му се одмазди на Енди Руиз Џуниор и ги врати титулите во ВБА (Супер), ИБФ, ВБО и ИБО титулите.
Херн на својот профил на Твитер неколку моменти по завршувањето на борбата на Фјури, одговари на коментарот „Нема шанси Еди Херн по ова да го пушти Џошуа во близина на Тајсон“.
-Секако дека ќе го направам тоа! И Џошуа го сака тоа. Оваа борба ќе се случи. Треба да се случи и тоа ова лето. Нема потреба од трет дуел, рече Херн алудирајќи на клаузулата дека Вајлдер може веднаш да бара нова борба со „Кралот на Циганите“.
-Мора да го организираме овој натпревар. Никогашповеќе нема да имаме можност двајца Британци да се борат да ги обединат сите титули во тешка категорија. Ветувам, ќе сториме се за да го организираме овој натпревар, рече Херн.