Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, рекол дека нема план за отцепување на Република Српска, но не ја исклучил можноста тоа да се случи.
„Таа приказна за отцепување е можност која не ја исклучуваме, но ние го преферираме Уставот и тоа што пишува во него. Ние можеме да ја прифатиме БиХ со нејзиниот Устав, а тогаш ни доаѓаат странци, кои тука управуваат со години и велат: тоа не важи, дека мораме да направиме аранжмани“, изјавил Додик.
Запрашан дали не пристапува кон отцепување на РС, затоа што нема поддршка од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, тој одговорил: „Дали го прашавте?, а потоа навел дека Вучиќ е секако против какво било нарушување на територијалниот интегритет на БиХ.