Прв случај на Ковид-19 во Ирак

Ирак соопшти дека во земјата е потврден првиот случај на новиот коронавирус, кој почна да се шири од кинескиот град Вухан.

Станува збор за Иранец кој пристигнал во Ирак пред Багдад да забрани патувања од и до Иран.

Иран е меѓу најпогодените земји од новиот коронавирус надвор од Кина, и таму од Ковид-19 досега починаа 12 лица.

Први случаи на Ковид-19 се регистрирани и во Кувајт, Израел и Авганистан.

Треба да знаете
Последни објави