Тројца Турци обвинети за обид да ја поминат границата со лажни израелски пасоши

Тројцата обвинети, на 22 јануари, при влез на државната граница од Република Косово, на граничниот премин Долно Блаце, употребиле како вистински лажни јавни исправи – израелски пасоши и лични карти. Станува збор за двајца мажи на возраст од 26 и 41 година, како и една жена на возраст од 45 години.

Употребените лажни документи се разликуваат од оригиналните израелски документи по квалитетот на хартијата, застапените техники на печатење на образецот, заштитните знаци, сјајот и интензитетот на застапените бои.

Треба да знаете
Последни објави