Најмалку 15 повредени откако автомобил влета во карневалска поворка во германскиот град Фолксмарсен

 Најмалку 15 лица се повредени денеска кога автомобил влетал во карневалската поворка во градот Фолксмарсен, во западниот дел на Германија, соопшти полицијата, додавајќи дека возачот е уапсен.

Индиентот се случил во 14, 30 часот по локалано време.

Полицијата одби да каже дали возачот намерно влетал во толпата луѓе или станува збор за несреќен случај, јавија британските медиуми.

Германските медиуми,пак, објавија дека меѓу повредените има и деца и цитираат сведоци кои тврдат дека возачот намерно влетал со автомобилот во толпата, па дури и дека забрзал пред да удри во неа.

Франфуртер Алгемајне цајтунг јавува дека сребрениот „Мерцедес” се запрел дури 30 метри по моментот на влетувањето меѓу луѓето.

Сребрениот „Мерцедес” влетал меѓу луѓето за време на карневалската поворка во градот Фолксмарсен.

Треба да знаете
Последни објави