Новиот ирачки премиер вети предвремени избори

 Новиот ирачки премиер Мохамед Тафик Алави вети дека во текот на следната година ќе се оддржат предвремени парламентарни избори во земјата, пренесе агенцијата Анадолија.

„Првата точка од програмата на новата влада предвидува спроведување на предвремени избори. Народот треба да ги одреди своите претставници”, напиша Алави на Твитер.

Премиерот вети дека властите ќе им дадат целосна поддршка на  Високата изборна комисија (ВИК) и парламентот за прашањата за подготовката и организирањето на транспарентно парламентарно изјаснување.

Датумот на изборите ќе биде соопштен заеднички, од ВИК и парламентот, појасни тој.

Ирачкиот Парламент ќе расправа за гласање доверба на новата влада за време на вонредната седница закажана за 27 февруари.

Треба да знаете
Последни објави