Излекувани сите 16 заразени со новиот коронавирус во Виетнам

 Сите 16 лица во Виетнам кои беа заразени со новиот коронавирус се излекувани, соопшти Министерството за здравство.

Министерството наведе дека од 13 февруари не е регистриран ниту еден нов случај на зараза.

Последниот пациент, 50-годишен маж кого го зарзазила неговата ќерка по враќањето од кинески Вухан, жариштето на заразата, заздравел и сега е  во добра здравствена сотојба. Засаега не е познато кога тој ќе биде пуштен од болница.

Остантите излекувани, меѓу кои и тримесечно бебе, заздравуваат.

Во Виетнам на 23 јануари беа регистрирани првите два случаи, кај двајца кинески државјани.

Треба да знаете
Последни објави