Полицијата трага по педофил од Кучевиште, допирал девојчиња по селото

Полицијата трага по педофил од скопско Кучевиште, осомничен дека допирал девојчиња, информираше МВР.

-На 24.02.2020 околу 19.10 часот во Полициското одделение Мирковци, 35-годишна жена од скопско село пријавила дека околу 11.45 часот во селоКучевиште нејзината малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П. од с.Кучевиште, велат од МВР.

Еден час подоцна во полицијата стигнала уште една пријава против осомничениот.

-Околу 20.10 часот, 41-годишен маж од скопско село пријавил дека околу 11.15 часот во с.Кучевиште неговата малолетна ќерка била допирана по телото од Д.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави