СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ј.(24), државјанин на Мароко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
На 21.02.2020 во прифатен центар за странци „Табановце“ во с.Табановце, кумановско, пријавениот неовластено држел наркотична дрога марихуана, која била пронајдена и одземена од полициски службеници при преглед на бараката во која бил сместен пријавениот.