Тој еднаш во едно интервју рече дека не се појавува на социјалните мрежи затоа што не е добар во ракувањето со технологијата. Но, сега, се чини дека коронавирусот присили уште една личност да стане технолошки попаметна.
Јужнокорејскиот миленик Сонг Јунг-ки отвори свој официјален профил на Инстаграм на Денот на вљубените. 35-годишниот актер привлече над 684.000 следачи и 1.7 милиони лајкови за само два дена, а бројот расте на секој час.
Јунг Ки, кој глуми во „Вселенски чистачи“ неодамна објавен на „Нетфликс“, досега има постирано четири објави, и што е мошне интересно, сите објави ги опишува со фотографии со емотикони и без текст, освен хаштагови со неговото име во хангулска и римска азбука.
Научно-фантастичниот филм „Вселенски чистачи“ (Space Sweepers), кој е опишан како корејски „Војна на ѕвездите“, дебитираше глобално на стримерот на 5 февруари.
Првиот корејски научно-фантастичен блокбастер поставен во вселената се искачи на врвот на скалата на гледаност на „Нетфликс“ веднаш по неговото деби.