Маричиќ: ВМРО-ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да носи правда  

Меѓународниот секретар на СДСМ, Бојан Маричиќ во емисијата „200 ” на телевизија Алсат направи разлика помеѓу прислушуваните материјали кои ги објавуваше СДСМ и аудио снимката која ја објави Антонијо Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.
„Мафијата на ВМРО ДПМНЕ се обидува да нанесе удар на судството и на обвинителството, но и на Владата. Имаме ситуција во која Милошоски е осомничен во предметот на СЈО „Моќник”, има индиции дека е еден од инспираторите на настаните на 27-ми април, и  сите овие случаи се брендови на ВМРО ДПМНЕ, парламентарни инциденти, прислушување на 26.000 граѓани… Ситуацијата тогаш и сега не е споредлива. Имавме масовно прислушување. Овде имаме снимка од состанок со премеирот и некој снимал за нечиј интерес. ВМРО-ДПМНЕ неуспешно сака да направи равенство за еднаквост. Снимката која ја слушна јавноста се извадоци од реченици и што се докажува со нив? Се докажува дека беше неопходен да се донесе Законот за Јавно обвинителство, дека без тој закон случаите на СЈО можеа да бидат затворени, и се укажува дека поранешниот претседател на Врховен суд, Јово Вангеловски правел проблем врз овие случаи. Значи се работи за борба, за одбрана, за тоа дека мафијата на ВМРО ДПМНЕ треба да одговара”- објасни детално Маричиќ.
Тој посочи дека аудио снимките од нелегалното прислушување кое ги објавуваше СДСМ биле целосно пуштени во јавноста, со двајцата соговорници, во целост, а не како што е објавеното аудио од Милошоски на кое се слушаат само кратки реченици на Заев од кои не може да се добие впечаток за целиот контекст.
„Не може ВМРО-ДПМНЕ со скандали да дојде на власт. Тие реално не нудат ништо освен што сега измислуваат приказни и скандали, како ова со снимката. ВМРО-ДПМНЕ со одбрана на мафијата не може да дојде на власт. Мафијата не може да донесе правда. Ќе види јавноста колку кандидати ќе има ВМРО-ДПМНЕ на листите, кои се обвинети во судски постапки”- изјави Маричиќ.

 

Треба да знаете
Последни објави