Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, со своите креативни, развојни и реални политики за само 2.5 години обезбеди рекорден пад на невработеноста на 17,1 насто, а истовремено невработеноста на младите падна за 13 проценти на 35,3 насто. Мерките ја стабилизираа економијата и обезбедија раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните и овозможи отворање на 60.000 нови работни места. Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.
Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.
За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.
Во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари. Во моментов мерката за самовработување е отворена и само за една недела има доставено 1200 апликации.
Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот, со нив е планирано да се опфатат 3.224 лица.
Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени. Тоа е повисока реализација и од европскиот просек на оваа мерка кој изнесува 33 отсто. Покажавме дека имаме визија и знаеме како од Република Северна Македонија да направиме развојна и просперитетна држава. Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците. За СДСМ секој граѓанин е важен!