Во Индија се наоѓаат 21 од 30-те најзагадени градови во светот

Индија повторно се најде на врвот на годишната листа на градови со најлош квалитет на воздухот во светот, покажуваат податоците на новиот гопдишен извештај, додека кинеските градови продолжуваат да покажуваат знаци на подобрување во однос на претходната година, пренесе Си-Ен-Ен.

Според податоците наведени во годишниот Извештај за светскиот квалитет на воздухот за 2019 година, во Индија за наоѓаат 21 од 30-те градови со најлошо загаден воздух, а шест од нив се меѓу првите десет.

Газиабад, град во близина на престолнината Њу Делхи, на северот од државата Утар Прадеш, лани беше рангиран како најзагаден град на светот, со просечна концентрација на ПМ 2,5 честички од 110,2. Тоа е далеку повеќе од нивото кое американската Агенција за животна средина го смета за здраво, дури девет пати повеќе.

А лани во ноември во делови од Њу Делхи беше прогласена вонредна состојба откако индексот на квалитетот на воздухот (АКИ) надмина 800, што е повеќе од три пати над „опасното” ниво.

Микроскопските честички, со пречник помал од 2,5 микрометри, се сметаат за особено штетни бидејќи се доволно мали длабоко да влезат во белите дробови и кардиоваскуларниот систем.

Честичките ПМ 2,5 вклучуваат во себе загадувачи како сулфур, нитрат и црн јаглерод. Изложеноста на такви честички е поврзана со состојбата на градите и срцевите проблеми и може да ги ослабне когнитивните и имунолошките функции.

Според СЗО, загадувањето на воздухот предизвикува околу седум милиони предвремени смртни случаи годишно во светот, главно како резултат на зголемената смртност од кардиоваскуларни болести, карциноми и респираторни функции.

Треба да знаете
Последни објави