Почина моторциклист од Арачиново во судир со „ауди а4“

На 25.02.2020 во 13.00 часот било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(22) од с.Арачиново. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал. Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од с.Арачиново, исто така,  се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави