Во грчкиот град Александруполи, денеска ќе се одржи Четвртиот состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу владите на Грција и Бугарија, со учество на премиерите на двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.
Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов ќе одржат билатерална средба, по што ќе започне состанокот на двете делегации со учество на министри од двете земји.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, Грција и Бугарија ќе потпишат низа договори меѓу кои во областите на инфраструктурата, транспортот, туризмот, економијата, инвестициите, културата, енергетиката, животната средина и безбедноста.