Реванш натпреварот од 16-финалето во фудбалската Лига Европа, Интер – Лудогорец, утре (21 ч.) ќе се одигра пред празни трибини во Милано. Затворени вартите на „Џузепе Меаџа“ ќе бидат и за влез на новинарите.
Интер објави дека нема да се одржи ниту задолжителната прес-конференција на Антонио Конте, а новинарите ќе немаат никаков пристап до фудбалерите и тренерите на двата тима, поради страв од евентуално ширење на коронавирусот.
Покрај официјалните лица на двата клубови на стадионот ќе можат да влезат само камерманите кои ќе помогнат за вршење на директен пренос од средбата. Одлуката заеднички ја донеле челниците на Интер и на бугарскиот Лудогорец, а истата била поддржана и од УЕФА.
По првите 90 минути одиграни во Бугарија, Интер има предност од 2-0.