Дефанзивецот на повеќекратниот италијански фудбалски првак Јувентус, Хуан Куадрадо е близу до продолжување на договорот со тимот од Торино, тврди Николо Шира.
Според италијанскиот новинар, продолжувањето на договорот со 33-годишниот Колумбиец е во завршна фаза. Договорот ќе се пресметува до 2023 година со можност за продолжување на уште една сезона.
Оваа сезона Квадрадо одигра осум натпревари за Јувентус, на кои постигна гол и направи две асистенции.