Дополнителната заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска Стојковски денеска ја најави кампањата „За фер избори пријави притисок” со која ги охрабрува вработените во јавниот сектор да пријават секаков вид на заплашување, притисок и поткуп на глас за време на изборите што ќе се одржат на 12 април.
Таа истакна дека вработените во јавниот сектор се слободни граѓани, и како такви треба да го остварат и своето право на глас.
– Довербата од граѓаните кои ми пишуваат секојдневно ќе ја искористам за да помогнам и придонесам за фер изборен процес и во таа насока во следниот период ја најавувам кампањата која ќе ја започнам по општините во земјава, со цел да ја подигнам јавната свест за професионална и деполитизирана администрација која не трпи притисок, заплашување и поткуп, рече дополнителната заменик министерка.
Стаменковска најави и дека од следната недела ќе почне со неколку посети по општините, прво ќе го посети Штип, потоа Крива Паланка, Свети Николе и Битола, и ги повика сите граѓани, институции и вработени во јавниот сектор да се придружат и да ја поддржат оваа кампањата.
– Ги охрабрувам и сите оние кои на било каков начин до сега биле заплашувани, им се вршело каков било притисок од било кој апсект а се вработени во јавната администртација да не поддржат и посетат на настаните, додаде дополнителната заменик министерката.