Противпожарните екипи се обидуваат да го скротат огромниот пожар што изби во рафинеријата на „Маратон петролеум“ во Карсон, Калифорнија, каде пламените достигнуваат најмалку 30 метри висина, пренесува РТ.
#Carson #Refinery @KTLA @CBSLA @FOXLA pic.twitter.com/tZYw24Aijo
— Fino Boxing (@FinoBoxing) February 26, 2020
Според информациите, наводно имало експлозија во кулата за ладење на рафинеријата пред да избувне пожарот околу 30 километри од центарот на Лос Анџелес.
Снимките на очевидци од местото на настанот го покажуваат обемот на пожарот додека се шири низ делови од објектот во раните утрински часови.
Los Angeles Carson refinery is on fire@cnn pic.twitter.com/qFX6WCQHgB
— Brian Hayes (@brianhayesnyc) February 26, 2020
Пожарот го принуди властите да ги затворат автопатите, додека противпожарната служба во округот Лос Анџелес се обидуваше да го стави пожарот под контрола.
Полицијата потврди дека не е потребна евакуација, но постави безбедносен периметар околу објектот и рече дека ќе го следи квалитетот на воздухот како мерка на претпазливост. Рафинеријата е најголема на Западниот брег на САД, со капацитет на сурова нафта од 363.000 барели на ден.