САД продолжуваат да не им издаваат визи за руските делегати кои планираат да учествуваат во настани на ОН или да работат во Руската мисија во Обединетите Нации, изјави заменикот на постојаниот претставник на Русија во ОН, Генадиј Кузмин, на седницата на Комитетот на ОН за односи со земјата домаќин во вторникот, пренесува ТАСС.
„Кризата со неиздавањете визи за претставниците на земјите-членки само расте. САД не им издаваат визи на руските делегати кои би требало да работат во руската мисија. Визите на дипломати кои веќе работат во мисијата не се продолжуваат. Руските граѓани кои биле избрани да работат во Секретаријатот на ОН не добиваат визи. Оваа политика, исто така, влијае и на другите земји“, вели Кузмин.
Претходно во февруари, шефот на руската делегација на сесијата на Комисијата за разоружување на ОН, Константин Воронцов, не доби американска виза навреме, а седницата беше одложена за 10 дена.
„Денес не би сакале да продолжиме со бесмислени разговори туку би сакале да работиме на решавање на проблемот“, рече Кузмин.
„Прво сакам да го прашам американскиот претставник. Дали ќе бидат издадени бараните визи? Дали Константин Воронцов ќе добие виза како што требаше за да пристигне во ОН на 17 февруари, а седницата на Комисијата за разоружување беше одложена заради ова отсуство? Дали Воронцов ќе добие виза за да учествува на седницата на 28 февруари?“, праша тој.
Од почетокот на 74. седница на Генералното собрание на ОН, на повеќе од 20 руски делегати не им се издадени визи за САД. Во декември 2019 година, ГС на ОН ги повика САД навреме да издаваат визи за делегатите од неколку земји, вклучително и Русија, Иран и Венецуела.