Тодоровиќ не дојде да сведочи на „Рекет“, Боки останува во притвор

Поранешниот градоначалник на Општина Центар и бизнисмен Владимир Тодоровиќ не дојде на денешното рочиште насудењето за „Рекет’, каде требаше да даде изјава како сведок предложен од одбраната на првообвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13.

Тој до судот доставил оправдание дека е на бизнис патување во Бугарија и е спречен да присуствува на рочиштето.

Поради тоа судот го одложи рочиштето и ги утврди сведоците кои треба да се појават на наредните судења, а меѓу нив и Сергеј Варошлија, Цветан Панделевски и други.

Судијката Васка Николовска-Масевска, информираше дека Судот го одбива барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за укинување на мерката притвор.

На последното рочиште свое сведочење имаше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката од претходна постапка Весна Димишкова, што му одреди мерка притвор на Јордан Камчев, обвинет во случајот „Империја”.

Во своето излагање сведокот Димишков истакна дека Зоран Милевски и Ана Камчева побарале од него да се приклучи во тимот адвокати во одбрана на Јордан Камчев. Но, по неколку дена откога размислил дека може да биде злоупотребен во понатамошната судска постапка, имајќи ја предвид позиција на неговата сестра, тој на Милевски и Камчева им побарал поголема сума за адвокатска награда, „со намера да ги откачи”.

 

Треба да знаете
Последни објави