Општина Бутел минатиот четврток го отвори дежурниот телефон: 075/249-314 на кој граѓаните можат да пријавуваат најразлични комунални проблеми: Диви депонии, палење на смет, нелегално градење,токсичен отпад, уништување на јавно зеленило и урбана опрема, детски игралишта и паркови, дефекти на улично осветлување, а од денеска и штети од невреме како што беше синоќешното.
Во изминатите денови добиени се 4 ( четири ) поплаки од граѓани:
- Неконтролирано фрлање на смет во доловите кај селата Љуботен и Љубанци, особено кај викенд населбата.
- Повик за отстранување на смет кај ГТЦ ,,Треска,, во Скопје Север
- Поплака за кучиња скитници во дворот на ОУ ,,Климент Охридски,,
- Пријава за огон на отворен простор кон Смилковското езеро.
За сите овие повици направен е увид на лице место од страна на вработените од Одделението за комунални дејности, животна средина и ЛЕР при Општина Бутел.
Што се однесува до денешните последици од синоќешното невреме можеме да го кажеме следново:
Најпогодени беа брезите. Од силината на ветерот скршени се 4 брези на различни локации. Една е во училишниот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, втората е на ул. ,,Натанаил Кучевишки,, третата е на ул. ,,Лазо Москов,, каде што брезата оштетила и едно возило, а четвртата скршена бреза е на ул. ,,Боро Менков#.