Поради технички причини се откажува првата трка по скали Cevahir Tower Run, којашто беше планирана да се одржи во недела, на 20 ноември 2022 година во висококатниците на Скај Сити.
Cevahir Tower Run се роди како соработка помеѓу АК Работнички и Cevahir Sky City, по пример на популарните трки по скали во светските метрополи, како што се трката во Ајфеловата кула во Париз и Емпаер Стејт Билдинг, а со цел овој тип на трка да прерасне во традиционална трка со која ќе можеме да се гордееме во регионот.
Организаторот на трката АК Работнички им благодари на интересот на сите пријавени рекреативци и активни атлетичари. Првата трка по скали во Македонија ќе се одржи во подобри времиња кога сите фактори за одржување ќе бидат во согласност со засегнатите страни.