– Бројот на потврдени случаи со коронавирус во Франција во последните 24 часа се зголеми повеќе од двојно, изјави францускиот министер за здравство Оливие Веран, посочувајќи дека од 18 е зголемен на 38 заразени лица.
Веран на прес-конференција истакна дека Франција е подготвена за епидемијата од коронавирусот.
Францускиот здравствен службеник Жером Саломон рече дека од 38 регистрирани случаи, двајца починале, 12 се излекувани, а 24 и натаму се во болница, од кои двајца во тешка состојба.