МЗТ Скопје вечерва го доживеа својот четврти пораз по ред во АБА-2 лига.
Тимот од Аеродром изненадувачки загуби од српски Динамик со 82-84 (38-44) во последниот меч од 20. коло од регионалната лига.
МЗТ во поголемиот дел од мечот бркаше негатива, која во второто полувреме беше и двоцифрена за гостинскио тим, но во финишот успеа да намали на два поени негатива, па дури и да има шут за победа.
Сепак Хиндс промаши тежок шут за тројка, по кој „металците” запишаа втор пораз на домашен терен и вкупно осми во АБА-2 лигата.
Олуџоби со 24 поени беше најдобар за домашниот тим, додека кај гостинот Пашалиќ реализираше 21 поен.
Во наредното коло во регионалното натпреварување, скопскиот тим ќе гостува кај Нови Пазар.