Жена која неодамна се вратила дома од северна Италија е четвртиот потврден случај на заразени лица со коронавирус во Грција. Нејзината состојба е стабилна и внимателно се следи, соопштија здравствените власти во Грција.
Станува збор за 36-годишна жена која е примена во болница во Атина, јавуваат грчките медиуми.