Јелена Карлеуша (41) се појави во провокативно издание на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“. Таа беше облечена во препознатливиот тропски дезен на Версаче – комбинезон со длабоко деколте.
Да потсетиме, слична креација носеше и Џенифер Лопез на ревијата на Донатела Версаче во септември 2019 каде беше претставена колекцијата пролет-лето 2020.