Заев: ДУИ нека не го лаже паметот, СДСМ и Беса ќе бидат победници во 6-ката!

Коалицијата меѓу СДСМ и Беса, а не ДУИ, ќе биде победник во изборната единица-6, рече лидерот на социјалдемократите Зоран Заев на денешната прес конференција, запрашан за коментар околу ставот на ДУИ дека коалицијата треба да се прави меѓу победничките партии.

-Јас би порачал на нашиот сегашен коалиционен партнер, да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ- Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6-тата изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница, на албанската, по големина во државата, рече Заев.

Треба да знаете
Последни објави