Вчера во 15,00 часот било пријавено дека на патот Миладиновци–Штип се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел вектра” со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(41) од Струмица и патничко моторно возило “фолксваген голф” со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.М.(60) од с.Дабиле, Струмичко. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Р.М., а со телесни повреди се здобила сопатничката од истото возило Н.М.(56) од село Дабиле и Н.Д. по што биле пренесени во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.