Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека ќе има „сериозни последици” доколку коронавирусот се прошири низ земјата и повика на позасилена заштита и спроведување на силни антивируски мерки.
Во текот на средбата на владеачката Работничка партија Ким ги повика здравствените штабови да го засилат скринингот и тестирањата за да се „спречат сите канали и просторот” низ кој вирусот може да продре, пренесуваат американските медиуми.
-Во случај заразната болест, што веќе неконтролирано се шири, да најде пат до нашата земја, ќе има сериозни последици, изјави Ким, пренесен од севернокорејските медиуми.
Според оценки на стручњаците, епидемијата од коорнавирус во Северна Кореја може да биде страшна заради недостигот од санитетски материјали и лошата здравствена инфраструктура.