Обезбедуваме сигурна и стабилна иднина за ФК Пелистер. Чест и задоволство ми е денес да соопштам дека фирмата Спорт Бит е новиот сопственик на 75% од акциите на Фудбалскиот клуб Пелистер, изјави Пеце коруновски.
-Со ова се исполнува ветувањето за стабилизирање и развој на клубот. На сите во клубот денес им се исплатени заостанати плати. Во брза иднина ќе се формира нова управувачка структура на ФК Пелистер, која во иднина ќе го води клубот кон поголеми дострели, како на македонската, така и на европската сцена. Наша прва цел ќе биде оваа година да го стабилизираме клубот и да обезбедиме финансиска стабилност на истиот и да обезбедиме сигурен опстанок во Првата македонска фудбалска лига рече Коруновски.
За првпат во историјата на битолскиот спорт навивачката група „Чкембари“ денес официјално ги добива ветените 10% од акциите. Со ова гласот на „Чкембарите“ ќе се слуша и во управувањето на клубот.