Австрија ќе ги затвори своите граници за мигрантите

Австрискиот канцелар Себастијан Курц најави можност за затворање на границите поради новиот прилив на мигранти од Турција, пренесува Ројтерс.

-Ние сме во постојан контакт со нашите партнери од ЕУ и долж балканската рута. Доколку заштитата на надворешните граници на Унијата не успее, тогаш Австрија ќе ги заштити своите граници, рече Курц.

Тој нагласи дека не смее да се повтори ситуацијата од 2015 година.

-Наша цел е правилно да се сочуваат границите на Унијата, да се запрат нелегалните мигранти и да не се пропуштаат, рече Курц.

Грчката полиција денеска употреби солзавец за да ги потисне стотиците мигранти на границата со Турција. Анкара претходно соопшти дека веќе нема да ги задржува стотиците илјади мигранти по нападите во Идлиб во кои загинаа 33 турски војници.

Курц изјави дека Австрија е спремна на испрати дополнителни полициски сили на границите на ЕУ, односно во Грција и во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави