Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ го освои и АТП турнирот во Дубаи со триумфот во финалето против Стефанос Циципас во два сета, со 6-3,6-4. Ова е трет едноподруго освоен АТП турнир за првиот светски тениски рекет Ѓоковиќ од почетокот на годинава.
Ова беше 18. победа за српскиот тенисер во 2020 година.