Вардар немаше сили победнички да го заврши настапот го групата од ЛШ

Актуелниот европски ракометен првак Вардар загуби во последното коло од групата Б во Лигата на шампионите пред своите гледачи од феанцускиот Монпелје (27:31) и заврши на шестото место. Вардар во осминафиналето од нокаут-фазата за противник ќе го има третопласираниот тим од групата А. Најверојатно тоа ќе биде унгарскиот Пик Сегед, кој и гостува на Барселона и доколку не се случи сензација ќе имаат ново одмерување на силите со „црвено-црните“.

Вардар кого сезонава го тресат финасиски проблеми, поради кои тимот се растура во од, со скусен играчки кадар го доживеа осмиот пораз сезонава во ЛШ. Со мал број на играч за ротација избраниците на тренерот Стевче Алушевски  лесно ја загубија предноста која ја имаа во првото полувреме, па во вториот дел гостите диктираа ритам. Вардар му се приближуваше на поранешниот европски правак, но немаше сили да приреди и резултаски пресврт. И да победеа „црвено-црните“ немаше да скокнат на посклауваното петтот место и да очекуваат полесен ривал од групата А, бидејќи Порто не дозволи изненадување на гостувањето кај Мешков Брест.

Стоилов со 7 гола, Горбок со шест и Чупиќ со пет погодоци беа најефикасните играч во редовите на Вардар, додека Кизиќ мечот го заврши со девет одбрани.

 

Треба да знаете
Последни објави