Чупиќ: Реалноста за Вардар е полоша од ова што го покажуваме на теренот

По поразот од Монпелје во ракометната Лига на шампионите, на задолжителната прес-конференцијата пред новинарите во името на Вардар маките ги кажа хрватскиот интеранционалец Иван Чупиќ. Вардар во осминафиналето на ЛШ најверојатно ќе игра против ПИК Сегед, кого лани го елиминира во четвртфиналето и отпартува на завршниот турнир каде ја освои и титулата.

-Немаме долга клупа и секој меч по 40. минута паѓаме. Голманите не држеа во мечот, но фалеше некој кој може да повлече, некој кој би можел да влезе кога некој е уморен. Глупаво е да зборуваме за проблеми, но тренираме со само пет до шест играчи. Кој е повреден, кој е болен, кој има вирус… Затоа тоа ни се случува во последните дваесет минути. Паѓаме, не фаќа нервоза, промашуваме зицери, а тоа во ЛШ чини многу. На овој меч бевме 40 минути егал со Монпелје, но потоа паднавме. Затоа завршивме шести во групата, тоа е реалноста за Вардар. Тешко е. Мора да го пофалиме Кизиќ за добрите изданија на последните три меча. Нашата реалност можеби е и полоша од ова што го покажуваме. Сакам да признаам и едно нешто. Денеска Вардар не го загуби натпреварот, туку јас. Промашив зицери многу. Жалам за тоа. Свесен сум. Тешко ми е. Сега не чека пат до Нашице со автобус, ако некој не ни плати авион. Па пак ќе треба да го понесеме товарот шест-седум играчи, вели Чупиќ.

Треба да знаете
Последни објави