„Хармониките“ подготвени за скопските улици

Првата пратка еколошки автобуси од германскиот производител „МАН“ кон средината на март ќе стигнат во Скопје.

Според договорот кој беше потпишан лани во септември, ќе бидат набавени вкупно 33 нископодни автобуси, 21 единечен со капацитет за 81 патник и 12 зглобни за 149 патници. Во сите автобуси ќе има дополнителна опрема, како вградени полначи за телефони.

Особено интересни за скопјани ќе бидат зглобните автобуси, кои во изминатите децении беа заштитен знак на ЈСП.

 

Треба да знаете
Последни објави