СДСМ: 600 евра просечна, 300 евра мининална плата до крајот на новиот мандат

За само две и пол години, минималната плата ја покачивме за 60 отсто или за 5.500 денари, а просечната за над 4.000 денари. Покажавме дека платите можат да растат во сите сектори. За само две и пол години просечната плата ја зголемивме на 450 евра.
Во новиот мандат на СДСМ растот на платите продолжува и ќе биде и побрз и посилен.
Просечната плата ќе порасне на 36.000 денари. Минималната на 18.000 денари.
До крајот на 2024 година ќе обезбедиме 600 евра просечна, 300 евра мининална плата.
Вложувањето во човековиот капитал е вистинскиот, правиот пат.
Продолжува и субвенционирањето на придонесите за сите компании кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари по вработен.
Продолжуваме со работа, уште повеќе, и уште подобро, и носиме голема победа за сите граѓани на 12 април.

 

Треба да знаете
Последни објави