Паричникот кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, сакаше да му го подари на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, на крајот од ТВ-дуелот во петокот, вреди 440 долари, објави „Фокус“, и најблиску од каде што може да се нарача е и унгарската престолнина Будимпешта.
Аксесоарот „Луј Витон“, доколку е оригинал, не е купен од Македонија, бидејќи во нашата земја официјално, нема продавници од овој луксузен моден бренд, пишува „Фокус“.
Мицкоски со овој подарок алудираше дека Заев е вмешан во случајот „Рекет“, а тој не го прифати бидејќи, како што рече, тоа не било во духот на помирувањето.
Како што е наведено на официјалната страница на „Луј Витон“, истиот модел може да се купи во Будимпешта, Унгарија, каде што го има на лагер во моментот. Од други локации во регионот се продава уште во Атина. Во соседна Србија, Бугарија, Хрватска…го нема на продажба.