Бошкоски: Без проштевање се губи човечноста

Претседателот на Обединети за Македонија, по повод денешниот празник  Прочка, испрати порака преку социјалните мрежи:
Денешниот ден е голем празник за христијаните бидејќи ја претставува  искрената волја за срдечно простување.
Македонскиот народ простувал – со духот на Прочка, со дух на  проштевање. Што сè не сме претрпиле, но пак сме простиле. Таква е  нашата историја и енергија.
Простувањето е прочистување на душата, покажување човечност.
Без проштевање се губи човечноста, се губи смислата на постоењето.

Треба да знаете
Последни објави