ВМРО-ДПМНЕ: Дури и за време на корона вирус, Филипче не престанува да краде и лаже

Дури и за време за корона вирус, Филипче не престанува да краде и лаже.

Наместо да даде одговор на јавноста за скандалот Шпанско село 2, Венко Филипче продолжува со злоупотреба и криење зад соопштенија од МЗ за лична одбрана и манипулација на јавноста поврзано со скандалите кои што го следат.

Ако до вчера Филипче не одговараше за во народот познатиот објект „Касарната на Филипче“, од денеска јавно треба да каже дали знае чии се над 13,500 квадратни метри градежно земјиште, вклучително и земјиштето каде се гради популарната Касарна?

Дури и во реакцијата на злоупотребеното МЗ Филипче навел неточна помала бројка на квадратни метри во посед на поширокото семејство.

Семејството Савески на сопругата на Филипче е сопственик односно сосопственик на 7 катастарски парцели со вкупна површина од 6.164 м2

Горан Филипов е сопственик односно сопственост на 8 катастарски парцели со вкупна површина од 7.342 м2

Уште повеќе, Филипче знае дека согласно важечкиот урбанистички план, кој што дополнително е развиен со  Архитектонско Урбанистички План,  финансиран од Инвеститорите за споменатите локации, е предвидена намена А4. Согласно Правилник За Стандарди И Нормативи За Урбанистичко Планирање, под времено сместување се подразбира градби на хотели, мотели, викендици, старски домови и други објекти за времено сместување.

Фактичката положба и издадените одобренија укажуваат дека се градат два објекти познати како “Касарната на Филипче” со намена „Времено сместување“. Ова пак е дијаметрално спротивно со истакната табла пред објектот Касарна која што се гради и на која што стои дека се гради семејна куќа. За семејна куќа се издава А1!

Спрегата меѓу Филипче и Филипов е многу поголема и трае многу подолго отколку што вели Филипче. Се работи за добро познати семејно поврзани лица, кои што долги години споделуваат и заеднички имоти, влегуваат во заеднички инвестиции, а Здравство му одобрува тендери од 7 мил евра!

Затоа Филипче мора да одговори:

Што тоа планирал Филипче да изгради и на какви бизнис зделки размислувал наместо да изгради на пример една болница или Клиничкиот центар?

Дали тендерите доделени на семејно врзан партнер не создаваат конфликт на интереси?

Дали градежната намена од А4 која што опфаќа и старечки домови не било и тема на состанокот на Филипче со Боки 13?

Како со чесна плата се стига до 13.500 м2 на Водно?

Дали можеби освен Филипче и семејството има уште некој друг близок до Филипче со имот во непосредна близина?

Филипче мора да одговори за скандалот Шпанско село 2, а институциите мора да реагираат за сите скандали во здравството за време на министерскиот мандат на Венко Филипче.

Треба да знаете
Последни објави