Борисов: Внимателно ја следам ситуацијата во Сирија и со мигрантите

– Бугарската Влада со големо внимание ја следи состојбата во Сирија и ситуацијата со мигрантите, објави на Фејсбук бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Во врска со ова, денеска разговарав со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Грција Киријакос Мицотакис. Утре вечер во Анкара ќе имам средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган”, информира Борисов.

„Само преку заеднички напори и дипломатија може долгорочно да се реши проблемот со миграцијата”, оцени Борисов.

Треба да знаете
Последни објави