Коронавирусот го одложува и мечот Македонија -Косово ?

Полуфининалниот фудбалскиот натпревар од Лигата на нации помеѓу репрезентациите на Македонија и на Косово, кој е дел од разигрувањето за пласман на завршницата од ЕП-2020, што е закажан за 26 март во Скопје, може да биде одложен на неодредено време.

– Засега има само најава. Конечната одлука УЕФА ќе ја каже утре, кога во Нион ќе биде извршена и ждрепката за составот на групите од новата сезона во Лигата на нации – вели Златко Андоновски портпаролот на ФФМ, кој заедно со претседателот на федерацијата Муамед Сејдини и селекторот Игор Ангеловски – Мрме замина на извлекувањето за сотавот на групите во ова натпреаврување.

Македонија како првопалсирана во групата од сегметот Д, во новото издание се избори да игра ранг погор во Ц сегментот каде ќе има посилни и поатрактивни противници.

Победникот од дуелот Македонија – Косово ќе игра во финалето со подбриот од другиот полуфинален дуел Грузија – Белорусија. Во оваа рунда се играат по еден меч, а најдобриот ќе си обезбеди настап на ЕП-2020.

 

Треба да знаете
Последни објави